Митовски: Автокоманда станува новото срце на Скопје, крај на хаосот и почеток на модерна ера!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава, Влатко Митовски, кандидат за градоначалник на Гази Баба

Митовски: Автокоманда станува новото срце на Скопје, крај на хаосот и почеток на модерна ера!

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

Се залагаме Автокоманда да стане новиот центар на градот модерна, функционална и урбано уредена населба која ќе им нуди на граѓаните квалитетен живот и решенија за сите долгогодишни проблеми.

Денес се наоѓам токму на местото каде што ќе ја изградиме новата катна гаража, која ќе биде наменета за сите граѓани кои секојдневно работат во околните компании и институции. Покрај оваа, ќе изградиме уште две катни гаражи првата на постојниот паркинг на ул. „Јани Лукровски“ до плоштадот, а втората на асфалтираниот паркинг на ул. „Лазар Поп Трајков“.

Со тоа ќе ставиме крај на хаосот со паркирањето, а дополнително сообраќајниот метеж ќе го решиме со воведување еднонасочен режим на улиците низ населба.

Паралелно, ќе се зафатиме со целосно уредување на уништеното зеленило и пешачки патеки, кои со години беа жртва на градежно дивеење. Автокоманда заслужува да биде пример за урбанистички развој, затоа ќе изградиме и нов парк за миленици, како дел од нашата визија за модерна и зелена животна средина.

Ова е само почетокот на една нова приказна приказна во која Автокоманда ќе стане гордоста и новото срце на Скопје.