Изјава за медиуми, Влатко Митовски – канидат за Градоначалник на општина Гази Баба
Митовски: 50% субвенции за котизацијата на тезгите – поддршка за пазарџиите
Почитувани граѓани, почитувани медиуми,
Денеска сме во посета на пазарот во Автокоманда – место кое со години претставува срцето на локалната економија и автентичен дел од животот во нашата општина. Од овде сакаме да испратиме јасна порака дека пазарите ќе продолжат да живеат и да се развиваат, а ние како општина ќе преземеме конкретни чекори за тоа да се случи.
Нашата цел е да создадеме уреден, фер и поттикнувачки систем за сите кои се занимаваат со пазарска дејност. Затоа, сите пазарџии ќе бидат стимулирани со субвенции од 50% од котизацијата за тезгите, со што директно ќе им ја олесниме работата и ќе го поддржиме нивниот бизнис. На тој начин, не само што ќе им помогнеме на оние кои веќе редовно работат и плаќаат надоместок, туку ќе ги поттикнеме и таканаречените „диви“ препродавачи да станат дел од пазарите, да работат легално и во уредени услови. Целта е сите заедно да создадеме организиран и фер пазарски систем кој ќе им користи и на продавачите и на граѓаните.
Пазарите се повеќе од само место за купопродажба – тие се симбол на традицијата, духот и економската живост на еден град. Нашата обврска е да ги зачуваме, унапредиме и да создадеме услови каде што секој продавач ќе има фер можност да работи и да придонесува кон локалната економија.