Филипче: Скандал, ДПМНЕ склучи договор со ИРД за надзор, фирмата која беше за нив криминална

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност, одговор на новинарско прашање

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање за најавите на кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ Орце Георгиевски дека во Скопје ќе има воз, оцени дека станува збор за уште лага од низата нереални и лажни ветувања.

„За жал сметам дека е тоа уште едно во низата лажни ветувања. Таква пруга ниту има каде да се направи ниту имаат траси, едноставно е ветување дадено од рака. Меѓутоа има едно многу други интересно прашање е што пред две или три недели, Јавното претпријатие Македонски железници и инфраструктура потпишала договор за надзор за изведба на санација на одредени делници на пруга со италијанската компанија ИРД којашто е надзор на автопатите Бехтел и Енка и истата таа компанија за коешто многу претставници на ВМРО-ДПМНЕ меѓу кои и вицепремиерот Николовски обвинуваа дека се криминални зделки склучени од претходната влада. Обвинуваа дека фирмата работела само во Македонија и Молдавија, а не во Италија иако италијанска. Обвинуваа дека, поставуваа сомнеж како тоа да еден од директорите одговорен за Македонија претходно бил вработен во министерството за транспорти врски и сега после сите тие обвинувања после повиците до ОЈО да ги истражи тие таканаречени зделки сомнителни итн, тие потпишуваат договор со истата компанија“, изјави Филипче.

Притоа Филипче констатираше дека нема крај на лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ кое дојде на власт со лажна изјави, лажна кампања и лажни ветувања пред граѓаните.

„Па има ли поголем доказ од тоа дека сè што кажуваа е невистина и дека нивната кампања беше изградена на лаги и манипулации?“ рече претседателот на СДСМ Венко Филипче.