Соопштение за јавност
-Пред само два месеци српската Алта банка ја презеде ‘Стопанска Банка АД Битола’. За тоа согласност дал Трајко Славески, гувернер на НБРМ,“ предупреди Александар Саша Димитријевиќ, челн на ЦО на СДСМ, додавајќи дека тоа поставува клучно прашање:
„Дали токму тоа е причината за која Трајко Славевски беше избран за Гувернер НБРМ, само за да тивко и експедитивно се реализира токму оваа зделка?“
Димитриевиќ дополнително истакна: „Како тоа Европската централна банка има преземено ваков ригорозен чекор, а Трајко Славевски и НБРМ без размислување го дозволиле преземањето во Македонија? Зошто не биле по внимателни?“
Тој ја поврза оваа зделка со сериозни финансиски ризици, додавајќи дека токму тоа е српското сценарио на кое предупредуваше СДСМ.
„Бараме Финансиското разузнавање и Финансиската полиција да отворат истрага за ова крајно сомнително преземање. Бараме да се испитаат потеклото на парите и ризикот од перење пари“, потенцираше Димитријевиќ на денешната прес конференција.


