Соопштение за јавност
Власта се плаши од скандалите за криминал кои ги отворивме, и затоа ме напаѓа лично мене но и моето семејство, истакна Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор на СДСМ на денешната прес-конфереција.
„ДПМНЕ, во рамки на својата кампања „Дефокус“, објавува мои фотографии и текстови за мене, а во сето тоа го споменуваат и мојот татко, кој нема никаква врска со ова. Следно што можеме да очекуваме е да ми ја таргетираат целата фамилија.“, потенцираше Фрчкоски.
Тој објасни дека причината за нападите е откривањето на криминалните шеми и темата „мигранти за пари“.
„Ова нивното е чист дефокус. Да постоеше нешто реално, одамна ќе реагираа. Сега ова е нивен сензационализам со цел да ги прикријат двете главни теми: Мигранти за пари“ и забраната на слободата на говор со изгласаната Резолуција, по примерот на Декретот од Третиот рајх.“
Фрчкоски потенцираше дека борбата за вистината и против криминалот на власта продолжува:
„Верувајте ми, ова е само почеток на откривањето на сите криминално-корупциски шеми и афери на ДПМНЕ. Откако поднесовме пријави за овие предмети, настана паника. Знаат дека ќе одговараат. АКТ ВИ ДИШЕ ВО ВРАТ! Борбата започна и нема да застане додека не ја ослободиме Македонија од криминалот и корупцијата “ рече Фрчкоски.




