Струјата поскапува за да се покријат криминалните тендери

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

-Поскапувањето на струјата и прогласувањето кризна состојба, не се поради протестите во Грција туку две причини директно врзани со владата: криминални тендери и неспособност во енергетиката, рече генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ на денешната прес-конференција.

Тој посочи дека криминалните тендери и неспособното управување на власта со енергетскиот сектор довело до сериозни финансиски последици и загуби од 100 милиони евра.

„За само година и половина, со Божиновска на чело на овој сектор, Владата ја доведе ЕСМ до финансиски и производствен колапс. Не се произведува доволно струја дома, се увезува скапа струја од надвор. Затоа оваа година има историски најниско производство на домашна струја, ниту половина од планираните 5.100 GWh.“, потенцираше Димитријевиќ

Како резултат на тоа, државата плаќа значително поскапа струја, што директно се префрла врз грбот на граѓаните.

„Наместо да се произведува дома, којашто државата ќе ја чини 80 – 90 евра мегават час, владата купува струја за 140 евра мегават часови. 77 милиони евра загуба за само првите два квартали од 2025 година, а проекцијата е дека ќе достигне над 100 милиони евра загуба до крајот на оваа година Сега е јасно зошто струјата поскапува? Зошто се прогласува кризна состојба? Да се покријат криминални тендери и неспособност на валста која.“, посочи генералниот секретар на СДСМ.