АКТ разоткрива: Зошто јавниот линч и хајка против Филипче одат преку Жан Митрев и Алфа ТВ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Денеска, членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, на прес конференција објави ново разоткривање на Антикорупцискиот тим – АКТ. Тој потенцираше дека „во средината на политичко-финансиската мрежа на оската Орбан – Вучиќ – Мицкоски, преку нивните партии, банки, бизнис интереси и лажни договори за реклами има и клучен пропаганден столб: Алфа телевизија“.

„Денеска ќе ја разоткриеме позадината на оваа пропаганда, на политичките врски и бизнис мрежите“, повлече Фрчкоски, додавајќи дека „граѓаните ќе видат зошто токму преку Алфа телевизија се водат црните кампањи, хајки и јавниот линч врз СДСМ и претседателот Филипче“.

Фрчкоски нагласи дека „ништо не е случајно“ и посочи дека зад Алфа телевизија стои „Петер Шац, унгарски медиумски бизнисмен и човек од тесниот круг на Виктор Орбан, кој преку компанијата CHS Invest Group контролира 57% од ‘Алфа Скоп ДОО’, фирма – стопроцентен сопственик на телевизијата“.

„Контролата ја презема во 2017 година – токму во периодот кога Орбан започнува агресивна експанзија на своето медиумско влијание на Балканот“, рече Фрчкоски, потсетувајќи дека „Петер Шац е познат по блиските врски со Виктор Орбан и неговата партија Фидес“.

Тој додаде дека „пред тоа, Алфа била во сопствеништво на српски бизнис-структури, меѓу кои и групацијата Comtrade на Веселин Јевросимовиќ“ и заклучи дека „континуитетот е очигледен: сопствениците се менуваат, политичката линија останува иста“.

Фрчкоски потенцираше дека истражувањата покажале оти „таканаречените ‘рекламни договори’ биле користени како механизам за трансфер на милиони евра кон медиуми под контрола на Шац“.

Во таа насока, тој укажа и на врската меѓу банките, медиумите и политичкото влијание, нагласувајќи дека „купувањето на Стопанска банка АД Битола од страна на Алта банка отвора сериозни прашања дали истиот механизам повторно се активира“.

„Сега доаѓаме и до Жан Митрев – човекот кој токму на Алфа ТВ започна црната кампања и јавен линч против претседателот Филипче со изнесување на лаги. Освен што беше обвинет дека со умисла довел во заблуда 283 пациенти во неговата клиника, кои други активности го поврзуваат Жан Митрев со оваа оска? Тим на болницата „Жан Митрев“ ја претставувал Македонија на меѓународен турнир во „walking football“ во Будимпешта во 2025 година. Финансиран преку македонскиот државен фонд за здравство. Еден од тимовите-учесници на овој турнир е Фехервар од Унгарија, тим – поврзан со поранешниот клуб Видеотон каде што играл Орбан. Киниши е вториот тим учесник на турнирот со Жан Митрев исто така од Унгарија. Ништо не е случајно. Прашање е дали кога бил во Будимпешта Жан Митрев сретнал со својот драг пријател Никола Груевски, голем помагач на неговата болница уште од самото основање?“ рече Фрчкоски.

„Како и во времето на Груевски, Алфа повторно функционира како центар за црни кампањи, јавен линч и координирани напади, овојпат со регионална поддршка. Ова е нивното разоткривање “, потенцираше Фрчкоски.