Филипче: Не ни треба еден лидер – ни треба систем, ни треба Европа

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

„Не ни треба еден лидер, нас ни треба систем, ни треба Европа! СДСМ ќе продолжи во борбата против криминалот и корупцијата, против изолацијата на земјата. Власта ќе ја вратиме во рацете на народот за политиката да се врати на интересот на граѓаните и квалитетот на нивниот живот. Во следните денови следат нови бомби, нашиот АКТ тим работи врз основа на информации коишто се аплицираат на нашата антикорупциска платформа“. Ова денеска го порача на прес-конференција претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Тој, информираше дека огромен број од информациите доаѓаат од членови на ВМРО-ДПМНЕ, а ниту една институција досега нема преземено ништо за ниту еден од овие скандали.

Филипче, изјави дека секогаш кога ќе излезе некоја измислена, фабрикувана афера, тоа е дефокус.

„Кога ќе прочитате текст од кујните на ВМРО, Вие, почитувани граѓани треба да знаете дека се случува уште една пљачка зад вашиот грб. Прават дефокус за вие тоа да не го видите. Планот е едноставен: изолација, избори, па мигранти за пари. Но, разоткриени се и ова нема да помине. Секој нивни чекор го знаеме однапред“, рече Филипче.
На прес-конференцијата, претседателот на СДСМ, Филипче потенцираше дека премиерот Мицкоски политиката во земјата ја сведел на ниво на таблоид.
„Наместо решенија и одговори за проблемите со кои граѓаните се соочуваат, сведоци сме на празни изјави на премиерот на ниво на жолт печат, без суштина, без реална политика. Ова не е политика, туку дефокус. Дефокус од катастрофалната состојба во земјата, од реалноста и од проблемите , а тоа е примарна цел на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ. Додека течат криминални тендери зад грбот на народот му се сервираат измислени афери, црни кампањи, јавен линч врз опозицијата“, нагласи Филипче.