Соопштение за јавност
Оваа влада треба да сфати дека не и е местото да се шета низ светов и да не прави ништо, туку местото и е да разговара со синдикатите и со работниците, да им излезе во пресрет на нивните барања, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање. Филипче укажа дека владата на ВМРО-ДПМНЕ не покажува вистинска грижа за работниците и нивниот животен стандард, посочувајќи дека наместо резултати, таа се занимава со неефикасни активности.
„Гласот на работниците и на синдикатите треба да биде слушнат. Треба владата да сфати што тие луѓе бараат од неа, да ги сфати вистински причините, зошто тие тоа го бараат. Оваа влада конечно да сфати дека не и е местото да се шета низ светов и да не прави ништо, туку местото и е да разговара со синдикатите, со работниците, да излезе во пресрет на нивните барања“изјави Филипче.
Тој додаде дека штом синдикатите излегуваат на протест, тоа значи дека работниците имаат реални потреби и барања.
„Тоа се луѓе што не можат да врзат крај со крај, во оваа ситуација, кога платите се крајно ниски,најниски во регионот, нема тренд на раст, а цените континуирано растат“, рече Филипче.
Притоа, Филипче посочи дека јавноста знае како како живееле работниците и какви мерки имаа во периодот на владите на СДСМ, дека платите и во најголемите кризи континуирано растеа.




