Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче во денешната изјава по повод празникот на лозарите Свети Трифун, укажа дека власта системски го уништува земјоделството, со што врши директен удар врз земјоделците. Филипче посочи дека поради криминалот на владата на ВМРО-ДПМНЕ, суспендирана е ИПАРД програмата, а сега власта дополнително ги оштетува земјоделците со намалување на парите за субвенции.
„Овој сектор земјоделството во мало го означува пристапот на оваа власт генерално во државата. Кражба, пљачка и незаинтересираност за луѓето. Имено откога ги фатија од Европа како крадат европски пари и го суспендираа ИПАРД програмата, сега владата ја намалува и Програмата за субвенции во земјоделството во целост. Од 140 на 100 милиони евра. Значи за цела третина, помалку пари, кај сите сектори во земјоделството, сточарството, лозарството, поледелството, овоштарството и нема да имаат овие земјоделци доволно поддршка од државата како што тоа го имаше во времето на владата на СДСМ“, рече Филипче.
Тој додаде дека покрај намалувањето на парите за субвенции, владата дополнително ги отежнува условите за пристап до субвенции, особено за малите земјоделци.
„Дополнително уште неколку трикови од страна на владата. Се зголемува прагот на земја која што треба да се обработува за да се стигне и воопшто до субвенциите. Имено од 0,2 хектари, сега е 0,5 хектари. Значи тие кои што имаат 2 или 3 декари земја, повеќе нема ни да можат според измените во правилникот да стигнат до субвенциите“, нагласи Филипче.
Во изјавата Филипче посочи дека со ваквите политики власта директно ги исклучува најмалите и најранливите земјоделци од системот на државна поддршка.
„Жалам, но оваа власт не се грижи за граѓаните, за државата, посебно за секторот земјоделство“, порача Филипче од Моклиште, Кавадарци, по повод празникот на лозарите Свети Трифун.


