Одговор на новинарско прашање, Александар Саша Димитријевиќ, генерален секретар на СДСМ
Баш и како што кажавте на крајот за ДПМНЕ нема ништо свето и во состојба сe да злоупотребуваат човечки животи се со цел за да прават дефокус.
Бидејќи од ДПМНЕ гледаме, како што кажав и во денешното наше излагање, во изминатиот период немаат одговор на ниту едно прашање и прават класичен дефокус на јавноста од битните теми.
Дали имаме одговор како помина 5 тони дрога преку граница?
Дали имаме одговор на сите тие теми, скандали коишто ги поставуваме како прашања со фирми блиски до ДПМНЕ коишто стигаат директно и до кабинетот на Мицковски и до сега веќе високото раководство на ДПМНЕ, организацискиот секретар?
Немаме одговор на ниту една тема, имаме класичен дефокус. Секојдневно.


