Колку ги чини граѓаните одморот на Мицкоски на Јадранско море со авион?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

„Со владин авион и парите од граѓаните премиерот бил на Јадранско море. На одмор. Ова е срамна слика за една опиена власт од луксуз, приватен бизнис и тендери“ рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на денешната прес конференција пред зградата на Владата.

Таа нагласи дека додека „граѓаните едвај врзуваат крај со крај, додека владата одбива 600 евра минимална плата и им крати 40 милиони евра на земјоделците, премиерот се луксузира врз грбот на народот“.

Портпаролката на СДСМ потсети дека за еден час, пред Владата ќе започне протест на работниците за поголеми плати, за достоинствен живот и упати директна порака до премиерот:

„Нека се симне Мицкоски, нека ги погледне работниците кои едвај може да си ги прехранат семејствата и да им одговори: Колку ги чини граѓаните овој луксуз на премиерот со владиниот авион?“ рече Кузеска.