Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција на СДСМ, Јон Фрчкоски, член на Извршниот обдор

Правдата во државата се погребува, судството и обвинителството се стават под директна контрола на Мицкоски.

Наместо независни правосудни институции –гледаме партиски инсталации. Наместо владеење на правото – контролирано судство.

Власта го смени јавниот обвинител за да се инсталира обвинител под нивна контрола.
Јавно, на телевизија Мицкоски ја елиминираше независната кандидатка за јавен обвинител, Ленче Ристоска.

Иако таа доби максимални 10 од 10 поени од Советот на јавни обвинители, со позитивна оценка за професионалност и стручност.

Граѓаните знаат дека таа беше и јавно навредувана од Мицкоски како „медиокритет“.

Мицкоски сам одлучува, си бира по негово, сака јавен обвинител под негова целосна контрола.
Сопруга на градоначалник на ВМРО назначија за член на Судски совет, советник на Мицкоски во Уставниот суд.

Портпаролката на Владата ги знае судските одлуки за процеси кои се уште не се завршени а Мицкоски од собраниска говорница им дели задачи на обвинителите, им кажува што и како да работат.

Водат кампања против предметите на СЈО за дискредитација на пресудите, во обид да се избрише одговорноста на нивните функционери.

Затоа нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта кои ги објави Антикорупцискиот тим на СДСМ.

Поминаа повеќе од 80 дена од првата пријава на СДСМ до ДКСК, нема никаков одговор.
Над 80 дена сите молчат.

Нема реакција ниту од обвинителството, ниту од финансиската полиција, сите молчат.

Нема одговори за 161 тендер за семејната фирма на Томовски, нема одговор за 51 тендер преку општините за омилената фирма на власта Пирамид Билдинг, нема одговор за 74 тендери за Ленди груп фрима, за 9 милиони евра за фирма со само двајца вработени, за тендерот од 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта.

Додека власта се луксузира врз грбот на народот, се планираат нови авиони, часовници, чанти, врват криминални тендери.

Нема пари за поголеми плати, нема за земјоделците, за лекови за болните.

Така изгледа политиката на ВМРО-ОКГ, така изгледа големиот патриотизам.

Исто како во времето на Никола Груевски на кого му спремаат враќање во Македонија.

Единствениот булинг на македонскиот народ го прави ВМРО-ОКГ и Мицкоски.