Соопштение за јавност
-По денешниот театар на македонската граница веќе на сите им е јасно дека бегството на Артан Груби беше политички договор. Како што се договорија да го пуштат, така сега се договорија да се врати. ДУИ го спасува Мицкоски. Му фрлија гума за спасување, посочи портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција.
СДСМ ова го најави уште во декември 2024 година, а сега само се потврди пред очите на македонската јавност. Целта е политички дефокус и заштита на власта. На овој начин ВМРО, со поддршка од ДУИ, сака да го покрие најголемиот нарко-скандал со 5 тони дрога, кој води до врвот на Владата на Мицкоски. Но да ги прикрие и бројните скандали со криминални тендери, за кои повеќе од 80 дена нема никакви одговори, а сите криминали водат до најтесниот круг околу Мицкоски.
„Нема одговор за 5 тони дрога. Значи, замешани се и од Царината, и од полицијата, и од други институции под контрола на владејачката структура и на Мицкоски. Се отвори прашањето кој од актуелните функционери во Владата на Мицкоски ќе одговара? Затоа им е потребен Артан Груби. Целта е повторно да се поврзе СДСМ со ДУИ. Како што се поврзуваше кампањата со марихуаната од Струмица, како што имавме можност да видиме и со оваа најава на Жан, со купишта натписи пред неколку недели за наводна поврзаност меѓу СДСМ и ДУИ. А вистината е дека ВМРО-ОКГ се во дил со ДУИ. Кој се смее кога го апсат? Како нема ниту една камера од 65 илјади за 5 тони дрога а има камери за Груби? Власта ги презема судството и Обвинителството под своја контрола, се рушат предметите на СЈО, сега е вистинско време Груби да се предаде“, посочи Кузеска на денешната прес-конференција.


