Соопштение за јавност
Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција посочи дека враќањето на Груби е договорена кампања поради падот на рејтигнот на Мицкоски.
„Нема борба против криминалот и корупцијата. Станува збор само за договорена кампања поради падот на рејтигнот на Мицкоски. Сакаше да се претставува како чесен, но по бројните скандали, скапите часовници и луксузирањата на грбот на народот со авион веќе е прочитан од граѓаните. Copy-paste по рецепт на Вучиќ, кој секогаш кога е во пад најавува некое апсење“, посочи Кузеска.
Граѓаните нема да добијат одговори на прашањата за скандалите и криминалите, но ќе добијат театар, како денеска. На сите им е јасно дека бегството на Артан Груби беше политички договор.
„Како што се договорија да го пуштат, така сега се договорија да се врати. На овој начин ВМРО, со поддршка од ДУИ, сака да го покрие најголемиот нарко-скандал со 5 тони дрога, кој води до врвот на Владата на Мицкоски. Но и бројните скандали со криминални тендери, за кои повеќе од 80 дена нема никакви одговори“, рече Кузеска.
Таа посочи дека власта нема одговор на скандалите и прави дефокус, а вистината е дека ВМРО-ОКГ се во дил со ДУИ.
„Како нема ниту една камера од 65 илјади камери за 5 тони дрога, а има камери за Груби?“, посочи Кузеска на денешната прес-конференција.

