Соопштение за јавност
„Најновиот скандал е окупацијата на Развојната банка поради бизнис интересите на Мицкоски и ВМРО-ОКГ“, истакна Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор на СДСМ, на денешната прес-конференција.
„АКТ открива, како шемите на Мицкоски од хидроцентралите се шират во институциите. Ефимија Димовска, сопруга на бизнис-партнерот на Мицкоски во хидроцентралите, е назначена за прв човек на Развојната банка“, нагласи Фрчкоски.
Тој потсети дека „нејзиниот сопруг, Димитар Димовски е долгогодишен бизнис-партнер на Христијан Мицкоски во хидроцентралите, преку компанијата ‘Енерготек’ ДОО Скопје“.
„Мицкоски го стави до него, во Владата, како секретар за јавни политики. Сега неговата сопруга Ефимија ја става во Развојна банка, очигледно да ги контролира државните пари. Сè е приватен бизнис за Мицкоски“, рече Фрчкоски.
„Часовници од 60 илјади евра, луксузирање со авиони, тендери, мрежи и пари. Сега Димовска ја избра да одлучува за кредитни линии и финансирање на енергетски проекти“, потенцираше Фрчкоски.
Тој додаде дека „кога Мицкоски вели дека е експерт за енергетика еве на ова мисли“.
„Ова не е развој на државата, ова е развој на бизнисите на Хидро Мицкоски и неговите партнери“, заклучи членот на ИО на СДСМ, Јон Фрчкоски.


