Филипче: Нема пари за плати, само за криминални тендери, авион и луксузирање на владата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес- конференција, нагласи дека на владата на премиерот Мицкоски воопшто не и е грижа за храѓаните, важни им се само криминалните тендери.

„Македонската економија тоне, граѓаните едвај врзуваат крај со крај.Ова е резултат на политиката на оваа Влада, една тотална негрижа за државата во целост, за работниците, за квалитетот на живот. Има пари само за тендерите коишто водат до високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ блиски до премиерот Христијан Мицкоски. 161 тендер за една фирма, 51 тендер за втора, 74 за трета фирма којашто е блиска до власта.За оваа власт сè ова е само еден голем приватен бизнис и ништо повеќе. Само криминални тендери, само интерес на една мала група на луѓе во врвот на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Филипче.

Притоа, Филипче посочи дека власта не прифати ниту еден предлог од СДСМ, за поддршка на граѓаните.

„Дадовме предлог за зголемување на минималната плата, опишавме како тоа да се направи, од кои ставки во буџетот коишто значат само луксузирање може да се добијат тие пари, но власта тоа не го прифати. Сè уште се на идејата да купат, замислете, нов владин авион. Сметаат дека во ваква лоша финансиска состојба, кога нема ниту една мерка во корист на работниците, тие треба да се грижат само за сопствениот комодитет“, рече Филипче.

Тој додаде дека нема никаков напредок во ниту еден сегмент, сите процеси во државата назадуваат, а дупката во централниот Буџет се продлабочува.

„Дупката во буџетот е огромна, близу 2 милијарди евра, задолжувањата континуирано доаѓаат. Издадени се две еврообврзници во висина од една милијарда евра, сега се бараат нови 300 милиони евра. Ова се пари коишто со огромни камати ќе ги враќаат следните генерации“, рече Филипче.