Зошто Мицкоски и ВМРО не го вратија името како што ветуваа пред граѓаните?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Секогаш кога нема одговори за скандалите кои ја тресат криминалната власт ВМРО-ОКГ се обидува да ја дефокусира јавноста.

Нема одговорност за криминалните тендери.

Нема одговор за Адамовиќ од сестринската партија на ВМРО- СНС и неговите врски со Москва.

Нема одговор за 5 тони дрога што поминаа преку граница, која завршува исто кај луѓе блиски до сестринската СНС.

Нема одговор институционалните пропусти ниту оставка од Панче Тошковски.

Но затоа има нов дефокус од кујните на ВМРО-ОКГ за името.

Со години ја лажеа јавноста дека ќе го вратат името и ќе го поништат Преспанскиот договор. Нас нè обвинуваа дека сме предавници.

Еве поминаа две години. Народот уште чека. Нема одговор, има дефокус.
Зошто досега Мицкоски и ВМРО ОКГ не го направиле тоа што го ветуваа на граѓаните?

Нели немаше ниту да изговорат Северна Македонија.

Зошто не излезат и да и кажат а меѓународната заедница, на ЕУ, на САД?

Ајде. Кажете им дека Македонија ќе излезе од НАТО и дека повторно ќе стане БЈРМ и ФИРОМ.

Имате 58 пратеници. Ја имате Левица. Ја имате ЗНАМ. Ја имате ВЛЕН.

Ја имате и ДУИ. Кога веќе договоривте кампања со Груби, можете да договорите и гласање во Собранието. Изгледа ги чувате како резерва за да го заменат ВЛЕН или ЗНАМ ако се појави потреба.

Ништо не ве спречува. Тоа се повеќе од 2/3 во Собранието.

Само закажете седница во Собранието.

Кажете им на граѓаните дека сами ќе се бранат ако дојде до безбедносна криза.

Така ќе ја изолирате државата, а тендерите ќе продолжат да течат.

Така уште полесно ќе поминуваат и 5 тони дрога преку границата.

И потоа слободно поставувајте нови почесни конзули – по критериумот на Адамовиќ и криминалецот Симе.

Зошто сега не го вратите името?