Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција нагласи дека Владата не презема никакви чекори за справување со економските последици од кризата на Блискиот Исток и растот на цените на енергенсите, иако цената на светските берзи во изминатиот период континуирани расте. Филипче посочи дека денешните поскапувања на горивата не се изненадување, имајќи предвид дека владата очигледно ниту нешто има анализирано, а дополнително нема одржано ниту вонредна седница за евентуални мерки.
„Денеска сме соочени со поскапувања, и тоа не е изненадувањe, имајќи предвид дека системот не е спремен да се соочи со криза, а за што предупредувавме и за време на анализа на буџетот за 2026 година, дека овој Буџет е структуриран на начин на кој што криза нема да може да издржи. И после денешната одлука со која што од утре цените на горивата растат од 74,5 на 79,5 денари Супер бензинот. Дизелот за 20%, од 71 на 85,5 денари, ова не е нешто што дојде преку ноќ. Ова е резултат на случувањата со кризата, со војната во Иран“, рече Филипче.
Тој додаде дека околу еден месец во континуитет расте цената на светските берзи на нафтата и досега таа е порасната за 60%, а владата не одржа ниту една вонредна седница.
„Досега требаше да има вонредна седница на Владата, би рекол и не една, повеќе, за да се спреми системот да се донесат мерки, за да вакви ценовни шокови граѓаните не почувствуваат“, рече Филипче.
Притоа, Филипче предупреди дека ваквото поскапување на горивата ќе доведе до поскапување и на основните прехранбени производи. Филипче најави дека СДСМ ќе предложи неколку мерки за справување со ценовните шокови.
„Предлагаме намалување на стапката на ДДВ од 18% на 5% при промет на сите енергиенси, дизел, безоловен бензин, гасно масло, течен нафтен гас и метан. Понатаму, намалување на акцизата за 4 денари. Тоа е нешто што директно ќе ја намали цената на еден литар на горивата и дополнително на сè, сведување на нула проценти ДДВ на основните прехранбени производи, за да се амортизира евентуален скок на цените на основните прехранбени производи“, рече Филипче.



