Владата профитира, зошто се поскапени цените на горивата кога има пад на светските берзи?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Одговор на новинарско прашање

По падот на цените на светските берзи, власта треба веднаш да ги намали цените на горивата во Македонија, наместо граѓаните да плаќаат поскапо. Зошто се поскапени цените кога има пад на светските берзи?
Со сегашното зголемување граѓаните плаќаат над 3 милиони евра неделно повеќе. Се поставува прашањето кој има интерес од ова поскапување и каде завршуваат овие пари? Дали Владата намерно ги зголеми цените иако цената на барелот веќе падна вчера?
Велат мерките предложени од СДСМ не ги интересираат, они знаат подобро. Па нивната политика се сведе само на тендери, проценти и бизнис комбинации. Секоја работа за Мицкоски е бизнис. Тоа граѓаните многу добро го знаат. Власта веднаш да ги намали цените на горивата и да ги прифати мерките на СДСМ за намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, за намалување на акцизата за 4 денари и намалување на ДДВ за основните прехранбени производи.