Анкетите покажуваат дека ВМРО и Мицкоски лажат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Одговор на новинарско пршање, Богданка Кузеска – портпаролка

Мицкоски и ВМРО лажат.

Ветуваа дека ќе го вратат името и дека ќе го поништат Преспанскиот договор.

Ги излажаа граѓаните.

Мицкоски не го направи тоа и не им кажа дека ќе значи враќање на ПЈРМ и ФИРОМ, дека ќе значи губење на членството во НАТО и ризик за безбедноста.

Ветуваше поголеми плати, и за тоа излажа.

Јавно Мицкоски изјави дека доколку се открие поврзаност помеѓу ВМРО и агенцијата за обезбедување од дискотеката „Пулс“, ќе си даде оставка.

И за тоа излажа.

Рече дека трајно ќе се повлече од политиката ако се појават мигранти, односно „економски работници“.

На плоштадот до него беа на Нова Година а во Прилеп на автобуска станица ги виде цела Македонија.

И за тоа излажа.

Вчера ДКСК објавува дека таткото на директорот на СОЗР (Томовски) не му бил татко. Уште една лага.

ВМРО, вели дека направиле анкета?!

Ама не смеат да ја покажат на никого затоа што и таа покажува дека лажат.

И ние прававме анкета и анкетата покажува дека лажат.

Анкетата вели: граѓаните бараат криминалците од власта да одговараат.

Сите ќе одговараат.