Соопштение за јавност
Антикорупцискиот тим на СДСМ продолжува со објавување на нови информации за бизнис-шемите поврзани со Христијан Мицкоски и неговите партнери во енергетиката.
„Веќе објавивме дека сопругата на неговиот партнер во хидроцентралите, Мицкоски ја назначи за директорка на Развојната банка, иако е сопственичка на компанија од енергетскиот сектор. Денеска објавуваме нов сегмент од бизнис-мрежата на Мицкоски – релациите и групациите во енергетиката и бизнисот со струја“, рече Фрчкоски.
„Петнаесет дена постојано го прашуваме Мицкоски: кој е Душан Адамовиќ и зошто е поставен за почесен конзул во Србија? Нема одговор. Мицкоски молчи за Адамовиќ поради поврзаноста со бизнисот со струја и енергетиката“, рече Фрчкоски.
Тој ги објави фирмите и поврзаноста со енергетиката и бизнистот со струја.
„Адамовиќ е директор на фирмата WBA TEAM ENERGY, регистрирана во 2023 година, и директор на фирмата WBA ENERGY ДОО, регистрирана на иста адреса. Сопственик на овие фирми е офшор компанија од Кипар – EVELIXON TRADING LIMITED, која се врзува и со трговија со струја. Што е заедничко за овие компании? Бизнисот во енергетиката и бизнисот со струја – омилениот бизнис на Мицкоски. И ова е само еден мал сегмент“, рече Фрчкоски.
Во деновите што следуваат ќе објавиме и поширока мрежа. До каде води оваа мрежа на бизниси во енергетиката? Нека видат граѓаните. Бидејќи за Мицкоски сè е бизнис потенцирае Фрчкоски.
„Антикорупцискиот тим на СДСМ продолжува со работа. Сè ќе објавиме“, порача Фрчкоски.


