Тројанскиот коњ Мицкоски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка

Мицкоски со лага дојде на власт, со лаги владее.

Пред изборите тераше кампања дека ќе го промени името, дека ќе го поништи Преспанскиот договор, нас не праваше предавници.

Денеска граѓаните разбраа дека се излажани. Не го врати името.

Нема поголеми плати како што ветуваше,

Нема одговорност, нема правда.

Граѓаните не живеат подобро туку полошо.

Ниту СДСМ се предавници а ВМРО не се патриоти.

Граѓани на Македонија, еве уште два проекта на лажниот патриотизам.

Едниот е анти ЕУ кампањата во која се вклучи и ЗНАМ, нивниот тендер партнер.

Велат „ЕУ – Да, ама… без компромиси!“.

Значи без реформи, без малцинства во Уставот, без слобода на медиуми, без реформи во правосудството.

И вториот за напади на СДСМ и создавање контролирана опозиција. Прават проруска партија под името „Српска демократска лига“, копија на „Српска лига“ под контрола на Вучиќ.

Целта е јасна, раслојување на опозициските гласови, контролирана опозиција и изолација.
Македонија – црна точка на Европа.

Кога Марта Кос, комесарката за проширување на ЕУ, вели дека нема место за нови членки на кои Русија и „други“ имаат влијание, дека на Европа не ѝ требаат „тројански коњи“, нека ви биде јасно на која земја-кандидат се мисли!