Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција обвини дека власта предводена од Христијан Мицкоски и ВМРО директно го блокира европскиот пат државата.
„Нема никаков напредок, премиерот јасно кажа дека нема да се направи чекор напред кон Европската Унија. Што значи тоа, тоа значи дека нашите граѓани после децении и децении чекање сега кога се е многу извесно, кога проширувањето на Европската Унија станува еден од приоритетите на Европската Унија, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ одлучуваат сами да го запрат европскиот пат, да им го забранат пристапот на нашите граѓани на единствениот пазар од 500 милиони луѓе, да го ограничат слободното движење низ европските земји, ги тераат луѓето да вадат бугарски пасоши од егзистенцијални и економски причини“, истакна Филипче.
Тој предупреди дека од ЕУ веќе пристигнуваат сериозни пораки.
„Имаме сериозна изјава, предупредување од еврокомесарската Марта Кос дека нема место за нови членки на кои Русија и други имаат влијание и дека Европа не сака тројански коњи. И тоа е многу сериозна и силна порака“, рече Филипче.
