Филипче: Нема да дозволам ВМРО преку поединци да ја дели СДСМ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Нема да дозволам ВМРО преку поединци да ја дели СДСМ, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, во одговор на новинарско прашање .

„Јас нема да дозволам да ја делат СДСМ понатаму затоа што имаме работа со криминална и корумпирана власт којашто ништо не може да го направи да го спречи падот на анкетите којшто е евидентен. Веројатно вие ги имате на тие анкети, на коишто ваков пад на ВМРО-ДПМНЕ до сега немало, а ние имаме раст. Единствено нешто што може да прават е да ја делат партијата внатре и така да не ситнат за да владеат така како што сакаат да владеат. Ние тоа нема да го дозволиме. Нема да дозволам, ќе повторам, ВМРО-ДПМНЕ преку разни поединците да ја ситни и да ја дели оваа партија“, рече Филипче.

Тој додаде дека слични обиди за слабеење на партијата се забележани и порано.

„Таква подолга се случи 2021 година, 2024 имавме силна националистичка и лажна кампања, а во 2025 година самиот Шилегов кажа дека тој не работел за СДСМ. Има и други такви луѓе коишто не работеле за СДСМ на изборите 2025-та година. Вие ме прашувавте на што се должат резултатите – еве тој кажa на што се должат резултатите такви какви што се. Јас тоа повеќе не го дозволувам затоа што ние имаме сериозна задача пред нас: се бориме за опстанокот и за европската иднина на државата, нема да дозволам ќе повторам ВМРО-ДПМНЕ преку разни поединците да ја ситни и да ја дели оваа партија.“, потенцираше Филипче.