Мицкоски клечеше за власт, лажејќи го народот за името – поради него денеска Македонија е на колена“

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

„Мицкоски клечеше и молеше за власт, лажејќи го народот дека ќе го промени името, а сега лаже за сè. Меѓутоа, сега поради него Македонија е на колена.“ рече Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Андреј Жерновски на денешната прес конференција.

Мицкоски ја доведе државата во застој и изолација, без визија и без реален напредок.

„Заклучокот е: нема напредок по европскиот пат – има изолација“, истакна Жерновски.

Тој нагласи дека и покрај подадената рака од Европската Унија, Владата не покажува волја за напредок:

„Известителот на Европскиот парламент, Вајц, подава рака на оваа влада да излеземе од оваа изолација, но Мицкоски не го прифаќа тоа, затоа што не му одговара. Имаме состојба во која Брисел повеќе сака да ја види Македонија во Европската Унија отколку нашата влада.“

Жерновски посочи дека причините за ваквата состојба бизнис интересите на власта, криминалот и корупцијата.

„Сè е поврзано – Орбан и Мицкоски, Мицкоски и Орбан. Блиско бизнис-пријателство.“