Прес конференција, Петар Огњеновиќ, член на ИО на СДСМ
Сите млади луѓе во Македонија го слушнаа предавникот Мицкоски.
Подготвен бил да чека децении за влез во Европската Унија.
Децении да стоиме во место, во изолација.
Децении загубени генереции, повеќе млади со билет во еден правец.
Децении за празни градови и празна иднина.
Децении Македонија да биде во изолација а нас младите да не држи како заложници, додека тој и неговата Организирана криминална група ја пљачкаат.
Ние младите немаме децении за губење, немаме резервни животи.
Ова е наша држава. Ова е наша иднина.
Секој млад човек сака да живее во држава што се движи напред.
Членството во ЕУ е македонски национален интерес.
ЕУ е интерес пред се на младите.
За систем што функционира за младите, за подобри услови за образование, работа, повисоки плати, правда и секако, безброј можности за младите.
Младите имаат порака до предавникот Мицкоски: Нема да нè држиш како заложници додека ја ограбуваш Македонија и продаваш лажен патриотизам.
Некогаш ти клечеше, а сега Македонија е на колена.
Нема да дозволиме да си играш и да ја крадеш нашата иднина!



