Одговор на новинарско прашање, претседател Венко Филипче
„Ја напаѓаат партијата и се занимаваат само со СДСМ, а кажуваат дека е мртва партија. Па како е мртва партија, зошто деведесет проценти од црната кампања, од провладините медиуми, е против нас? Зошто е против мене лично? Дискредитации, навреди, несоодветни зборови и така натаму. И јас ќе ви кажам што е причината. Не само што не е мртва партијата, туку главната причина е што на анкетата којашто ВМРО-ДПМНЕ ја преплати 400 илјади евра на една агенција провладина, разликата помеѓу нас и нив, а таа анкета не ја покажуваат, за разлика од периодот после изборите 2024 до изборите 2025 кога разликата беше 1:3 сега е падната на 1:2,5 и тие се во паника. Затоа што ова е најлошата влада која што некоја водела држава, особено сега во криза. Втората причина е што секојдневно објавуваме скандали, коруптивни постапки, коруптивни тендери кои што се диригирани од врвот на ВМРО-ДПМНЕ и водат кон фирми блиски на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа што ова е најкорумпираната влада која што оваа држава некогаш ја имала. Тоа се причините зошто се занимаваат и прават со црна камапња, со мене, со СДСМ и така натаму“, потенцираше Филипче.



