Соопштение за јавност
„Мицкоски го загрозува националниот интерес, а тоа е ЕУ. Изолацијата е негова политика! Заради кражба“, истакна Рената Младеновска, членка на Извршниот одбор на СДСМ на денешната прес конференција.
Мицкоски како што лажеше во кампањата за името така лаже и сега, додаде таа.
„Мицкоски вели дека СДСМ е бугарска организација?! Кој води кампања за бугарските избори? Да не е тоа Мицкоски? Тој што намерно создава конфликт со соседите. Кому му оди тоа во прилог? Нека размислат добро граѓаните! Како во кампањата за изборите, кога клечеше и молеше за власт, ветуваше враќање на името, поништување на Преспанскиот договор. Сега повторно измислува тема за загрозување на националниот идентитет.“ рече Младеновска.
Народот едвај врзува крај со крај, работници се бркаат од работа, економијата оди надоле, европскиот пат е блокиран. Тоа е секојдневието на македонските граѓани додаде таа.
Наместо да се фокусира на подобрување на животниот стандард, власта намерно создава конфликти и поделби.
„За да се прикрие неспособноста на владата, неспособноста на Мицкоски да ја води државата. Да се покрие катастрофалната економска политика и финансиската криза. Се креираат пораки како во кампања, се поттикнува омраза кон соседите, се создаваат намерни конфликти“, рече Младеновска.



