Одговор на новинарско прашање, Јована Тренчевска – потпретседателка на СДСМ
“За ова прашање треба да се најде решение и јазикот не е прашање во 21ви век. Дефинитивно треба да се најде решение за да може секој да ужива во основните човекови права за она што е согласно закон. Меѓутоа, она што е проблем и што главни инспиратори на сите овие поделби се токму Мицковски и Владата. Денеска го слушнавме низ медиумите дека ќе пријавел во НАТО и во ЕУ за ова. Ете да му порчаме на Мицкоски тој да се пријави и во НАТО и во ЕУ, затоа што тој ја дестабилизира состојбата во државата. Овие прашања беа затворени прашања, но откако владата а на Мицковски и владата на ВМРО е на власт, повторно се поставуваат прашања за поделби“


