Филипче: Орбан ја користеше Македонија како бизнис колонија преку Мицкоски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Од кога Мицкоски и ВМРО се на власт, Орбан ја користеше Македонија како своја приватна колонија за политички и финансиски интереси, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција.

Филипче посочи дека клучните сектори во Македонија – телекомуникации, енергетика, медиуми, финансии, откако се ВМРО на власт, сè беше поврзано со кругот на Орбан.

Во делот на медиумите, Филипче потенцираше дека значителен дел од медиумскиот простор во земјата е под контрола на структури поврзани со Орбан.

„Скоро 40% од медиумите потврдено и докажано и од независни истражувачки новинари, не наши локални, од Европа, се под директна контрола на луѓето на Орбан. Преку свои блиски бизнисмени (Петер Шац и Агнеш Адамик) Орбан купи и контролира огромен број на медиуми кои се во служба на ВМРО и Мицкоски. И тие се пропагандна машина во Македонија за црни кампањи, за ширење лажни вести и ширење на анти-европскиот наратив“, рече Филипче.

Во телекомуникациите, Филипче нагласи дека преку доделување лиценци, ВМРО му овозможи дополнително влијание на Орбан.

„Орбановата компанија 4iG доби лиценца за мобилен оператор во Македонија. Со оваа лиценца влегоа во 5G мрежата и добија можност да ги поврзат медиумите, платформите и инфраструктурата во единствена контрола, исто како што Орбан го правеше во Унгарија а Вучиќ тоа го прави во Србија“, рече Филипче.

Воедно, Филипче додаде дека преку тајни договори и посредници, Орбановиот круг имаше влијание и во енергетскиот сектор и во железницата.

„На бизнисот во енергетиката, последно преку фирма „Статус Енерџи “, која што влезе во стратегијата за енергетски развој на земјава, оваа година, ќерка-фирма на унгарската Status Energy KFT дел од Status Energy Private Equity Fund и е индиректно поврзана со Виктор Орбан преку сопственичка структура што ја вклучува OPUS Global, компанија контролирана од Лоринц Месарош (Mészáros Lőrinc) негов близок соработник. И овие проекти беа дел од пошироката стратегија за економско влијание на Балканот“, рече Филипче.

Во однос на финансискиот сектор, Филипче нагласи дека владата на Мицкоски под т.н пријателски услови доби кредит од една милијарда евра, кинески пари, како дел од пакет за политичка и медиумска поддршка.

„Една милијарда евра, кинески пари, потврдено во соопштение во рапорт на Европскиот Парламент на владата на Мицкоски под таканаречени пријателски услови, кои што ќе ги отплаќаат нашите внуци. Овие пари доаѓаа како дел од пакет за политичка и медиумска поддршка“, рече Филипче.