Филипче: Мицкоски нема капацитет да води држава – од една страна бајки, од друга навреди

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

„Мицкоски нема капацитет да води држава, од една страна бајки, од друга навреди“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција.
„Само нашиот премиер не реагираше и сè уште раскажува бајки дека сме трета економија во Европа. Мицкоски живее во свој паралелен свет. Нема капацитет да води држава. Заинтересиран е само за себе и своите блиски, а сè останато го плаќаат граѓаните. Се однесува како уредник на жолт печат – од една страна бајки, од друга навреди. Секој што мисли поинаку го навредува“, обвини Филипче.

Претседателот на СДСМ појасни дека, како резултат на тоа, граѓаните ги плаќаат бајките и неспособноста на премиерот Мицкоски со празни џебови и празни фрижидери.

„Економијата не е статистика, тоа е секојдневниот живот на граѓаните. Цените на основните производи се зголемени – леб, брашно, шеќер, сол, месо, млечни производи, овошје и зеленчук. Некои производи се поскапени и до 300%.“, додаде Филипче.

Дополнително, тој се осврна и на заканите од Мицкоски, при што нагласи дека отворени најави за прогон на политички противници и нивните семејства претставуваат злоупотреба на институциите.

„Тоа не е демократија – тоа е автократија. Дали е нормално премиерот да најавува гонење врз основа на ’чувство‘? Дали е нормално обвинителството да се користи за политички пресметки? Таквите режими во Европа паѓаат. Граѓаните не сакаат корупција, лажни ветувања и лош стандард. Сакаат нормален живот и европска иднина“, посочи Филипче.

Филипче порача дека СДСМ нема да отстапи пред, како што рече, заканите, додавајќи дека „нема повлекување“ и дека „ерата на популизам и лаги завршува, а граѓаните веќе знаат“.