Филипче: Мицкоски повеќе не може да ги лаже граѓаните, свесно го блoкираше европскиот пат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Мицкоски повеќе не може и не смее да ги лаже ниту граѓаните, ниту Европа, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче нагласи дека премиерот Мицкоски свесно го блокира европскиот пат на државата и не ги спроведува потребните реформи, со што директно ја ризикува иднината на сите граѓани.

„Наместо да работи на реформи , оваа власт работи на креирање конфликти со соседите, анти-европска пропаганда и изолација на земјата. И додека го блокира европскиот пат, половина ВМРО, вклучително и најблиски соработници на премиерот имаат бугарски пасоши. Е тоа е нивниот лажен патриотизам“, рече Филипче.

Тој додаде дека наместо премиерот да ја прифати критиката од известувачот и европратеник Томас Вајц, кој јасно и недвосмислено ја критикува оваа власт поради блокирањето на европскиот пат на Македонија, Мицкоски повторно влезе во негирање.

„И наместо да ја прифати критиката премиерот повторно влезе во негирање. Јавно вели дека „нема да отстапи ни милиметар“ и дека малцинствата, како Бугари, Хрвати, Црногорци, нема да влезат во Уставот“, рече Филипче.

Притоа Филипче посочи дека известувачот и европратеник Вајц го потврди она што граѓаните секојдневно го чувствуваат од промашените политики на Владата на ВМРО.

„Вајц само го потврдува она што граѓаните секојдневно го чувствуваат. Оваа влада не сака во ЕУ, затоа што сака партиска контролата врз институциите, затоа што сака партиски медиуми, затоа што сака партиско правосудство и затоа што сака државни ресурси кои што ќе бидат користени само партиски тендери“, рече Филипче.