Прес конференција на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ – генерален секретар
Почитувани,
Министерството за правда вчера соопшти дека „постапката за Груевски се води институционално и без политички влијанија“.
Прашањето на кое треба да одговорат Филков и Министерството за правда е едноставно и јасно: Дали ги испратија документите за екстрадиција на Никола Груевски или не?
Наместо да одговорат на ова основно прашање, се кријат зад бирократски фрази. Велат дека „комплетираат документација“.
Еден месец не можат да ја комплетираат документацијата?
Дали се неспособни или не сакаат?
Полска ги заврши и ги предаде документите за еден ден откако идниот премиер на Унгарија, Петер Маѓар ги спомена политичарите од нивната земја.
Маѓар посебно го спомена Груевски и рече дека Унгарија нема да биде депо за криминалци.
Поска веднаш реагираше а кај нас – еден месец тишина, владата на Мицкоски не презема ништо.
Очигледно Мицкоски, Филков и нивната Влада не сакаат да го вратат Груевски. Тие свесно го штитат.
Наместо институционална постапка за екстрадиција гледаме институционална заштита на криминалецот Груевски.
Граѓаните заслужуваат јасен одговор: Зошто документите се заглавени во Министерството за правда и не се испратени?
Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!
