Скандалот со бодигардот на Мицкоски е уште една причина, оставка од Тошковски!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција на СДСМ, Наташа Поповиќ – членка на Извршниот одбор

Уште еден скандалозен случај, човек од обезбедувањето на премиерот Мицкоски завршува во притвор за семејно насилство. Брутално ја претепал сопствената сопруга.
Ова е слика на опкружувањето на Мицкоски и на една криминална Влада во која насилството е нормализирано а институциите немаат капацитет за ништо.

Уште еден доказ дека системот е целосно распаднат а моралот со ВМРО-ОКГ срозан.

Обезбедувањето на Мицкоски е под директна надлежност на министерот Панче Тошковски.

Полицијата е партизирана со законот за МВР и служи исклучиво за заштита на криминалната група ВМРО и за злоупотреби против опозицијата.

Ако полицајците на Тошковски се тепачи и учесници на семејсно насилство нема систем што може да се воспостави за превенција ниту пак заштита на жртвите.
Полицијата е понижена, напредуваат кадри кои можат да дојдат од улица или од ВМРО, а не луѓе кои со години се усовршуваат во службата.

Што уште треба да се случи за Панче Тошковски да понесе морална одговорност и да поднесе оставка?

А да… нема морал. Нема систем. Има само жртви.

Во последните две години со ВМРО-ОКГ на власт и Панче Тошковски во МВР, живееме во држава во која насилството е секојдневие – во училиштата, во домовите, на улиците.

Пред само неколку дена имаше случај на брутално врсничко насилство врз девојче во Скопје. Системот кој треба да штити – не функционира.

Грозоморни случаи на злоупотреба на малолетници имаше во Скопје, Гостивар и Неготино. Превенција – никаква. Одговорност – нула.

Семејното насилство е на секој чекор. Завршува трагично, и покрај бројни пријави кои МВР ги игнорира.

Млада жена и дете беа убиени и покрај 12 пријави за насилство – МВР било слепо и глуво.

Во Велес, насилник уби жена и нејзиниот татко. Во Старо Нагоричане, сериски убиец уби пет жени додека институциите игнорирале предупредувања со години.

Во Кочани згаснаа 63 животи – трагедија за која до денес нема одговорност.

Пет тони дрога поминаа преку граница без никаква контрола. Пет тони дрога без одговорност!

Системот е ставен во функција на заштита на власта, а не на граѓаните.

Одговорноста е директна кај министерот Панче Тошковски.

Време е да ја преземе.

Оставка веднаш!