СДСМ против лагите на Алфа ТВ: Имате 24 часа да кажете дали документите се фалсификат или оригинал

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција на СДСМ, Петар Огњеновиќ – член на Извршниот одбор

Паника во криминалната организација ВМРО!

Загубија над 150.000 гласови поради неисполнети предизборни ветувања, неспособноста да ја води државата, економскиот распад, корупција и криминал.

Мицкоски и неговата криминална организација знаат дека времето им истекува. Особено после најавите за почеток на истрагите во Унгарија за бизнисите, перењето пари и нивните медиуми во сопственост на Орбан.

Затоа Орбановата пропаганда за ширење лажни вести против опозицијата работи со полна пареа.

По рецептот на Гебелс, се фабрикуваат афери, се прави дефокус, се шират лаги, се прави се во заштита на криминалната група на Мицкоски.

Со Мицкоски Македонија падна за 3 места во Индексот за слобода на медиуми на Репортери без граници.

Оваа негативна медиумска кампања ја водат 40% од медумите дел од орбановата мрежа во Македонија со главна улога на Алфа ТВ.

Зграда од 42 спрата, Дубаи, Сент Мориц, Рим, Венеција, Франфкуркт, Африка, Харис Џиновиќ, златни визи, лични навреди и црна пропаганда.

Сега повторно се води кампања за „предавници“ и поделби.

Се напаѓа СДСМ преку некоја Платофрма на ВМРО.

Дури е ангажиран и приватниот Мосат, приватната Black Cube за за следење на опозицијата и фабрикување афери.

Слушнавме признание дека го корстат и Pegasus – озлогласен шпионски софтвер за таен и тотален надзор над опозицијата, новинарите, граѓаните.

Паралелно, на социјалните мрежи преку лажни профили и ботови секој пост којшто не и се допаѓа на власта или го критикува Мицкоски, се напаѓа со коментари полни со омраза, псовки и навреди.

Преку платофрмата на сестринската СНС од Белград покренаа лавина од коментари и дигитална црна кампања против систе неистомисленици. Целта е ширење омраза по сите основи и поделба на граѓаните.

Ние ќе започнеме пресметка со нивниот систем и со платформите што ги користат од братот Вучиќ и од сестринската партија СНС.

СДСМ ќе ги ограничи коментарите на социјалните мрежи од ботовите на официјалните профили на партијата на одреден период.

Целиот авторитарен систем на ВМРО-ОКГ со орбановата мрежа на медиуми е директна закана за демократијата и слободата на говор, како европски вредности.

СДСМ има обврска да се спротистави.

Бидејќи Алфа ТВ објави документи за претседателот Филипче им даваме рок од 24 часа да излезат пред граѓаните и да одговорат:

Дали документите и визите се фалсификувани? Или се автентични и оригинални?

И најавуваме веднаш.

Доколку се фалсификат ќе заработат кривична пријава за објавување на лажни податоци.

А доколку се автентични тогаш ќе следува пријава за злоупотреба согласно Законот за заштита на личните податоци.

Поднесовме кривична пријава за сомнежите за перење пари, ги чекаме истрагите и во Унгарија и во Македонија.

Да видиме колку е „независно“ јавното обвинителство.