Колку ќе ги чини граѓаните Дејвид Гета и како е одлучено за фирмата организатор без тендер?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Најавата на Владата дека познатиот француски ди-џеј Дејдид Гета ќе настапи во Скопје во рамки на прославата за 35 години од независноста на Македонија отвора огромни сомнежи и прашања кои власта мора да ги одговори.

Прво и најважно прашање е колку тоа ќе ги чини граѓаните на Македонија?

Се најави концерт на стадион а не се спомена хонорарот, колку тоа ќе ги чини граѓаните.

Настапот на Дејвид Гета чини најмалку 1 милион евра. Само за него.

Ако на тоа се додадат бини, озвучувања, обезбедување, придружни актери и така натаму сумата значително се зголемува.

Прашањето е како е донесена одлуката да се потрошат над 1 милион евра?

Во четири очи?

Кој преговарал?

Со која фирма е склучен договорот?

Авалон фирмата којашто ја најавува владата е со блокирана сметка и на листата на должници на УЈП.

Како е одлучено токму таа фирма да организира државна манифестација, без јавен повик, без тендер.

Дополнително, вакви артисти бараат и авансна исплата од 30%.

Прашање е дали се исплатени парите и на кој начин.

Се најавуваат и останати 120 артисти.

Кој одлучува кои артисти ќе бидат донесени?

Се шпекулира веќе во круговите на фирмите кои се занимаваат со ваква организација дека сумата што е договорена е над 3 милиони евра а може да достигне и до 5 милиони евра.

Јавноста и граѓаните очекуваат одговори.

Особено младите. Кои немаат топла вода по студентските домови,немаат храна и глувци им се шетаат по собите, а за нив пари нема.

Дајте им на студентите пари, дајте 5 милиони евра за средување на условите за студентите, па студентите без глувци и со топла вода ќе го слушаат Дејвид Гета каде сакаат секој ден .

Ова се огромни пари за кои Владата мора да одговори.

Ние не сме против Дејвид Гета, ние сме против криминалот и корупцијата.

Не смее да се дозволи, криминалната група на власт и Денот на независноста да го валка со матни пари, провизии и договори во четири очи.