Филипче: Снемува пари во Буџетот, владата посегна по ново задолжување од 260 милиони евра

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција обвини дека снемува пари во Буџетот и дека Владата ја доведе државата во сериозна финансиска состојба, со ново задолжување од 260 милиони евра.

„Загрижувачка е состојбата со буџетот и со финансиите, сето тоа се должи на лошото менаџирање на власта. Последниот знак којшто укажува дека сето тоа што го говориме со месеци наназад е вистина, е новото задолжување на владата. Побараат 300 милиони евра, затоа што треба да пополнат огромната дупка во буџетот“, обвини Филипче.

Претседателот на СДСМ посочи и дека лошото менаџирање се отсликува и во тоа што за првпат државата не успеала да го обезбеди целиот износ на побараниот заем.
„За прв пат, државата не добива толку пари колку што побарала од банките. Побарале 300 милиони евра, а добиле само 260“, рече Филипче.

Филипче посочи дека ова е сериозен показател за нарушената доверба во економската политика на Владата и за лошата состојба со Буџетот и јавните финансии.

„Дефицитот расте, инфлацијата расте, огромна е разликата на приходната и на расходната страна. Неколку параметри кои укажуваат дека навистина е лоша состојбата во буџетот, а се однесува конкретно на овој побаран заем од 300 милиони евра. Сето тоа укажува дека оваа власт катастрофално ја води државата и нас ни претстои финансиски крах“, потенцираше Филипче.