Филипче: Мицкоски нема право да го блокира европскиот пат на Македонија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Мицкоски нема право да го блокира европскиот пат на Македонија, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарко прашање. Филипче нагласи дека власта е должна да им овозможи на граѓаните да се изјаснат за иднината на земјата во која живеат.

„Власта има обврска да распише референдум, затоа што нема право да го запре европскиот пат на земјата, затоа што излажаа дека ќе обезбедат подобра преговарачка позиција и никогаш не кажаа дека ќе го блокираат европскиот пат на земјата, затоа што излажаа дека ќе го вратат името, дека ќе укинуваат Преспанскиот договор, договорот за добрососедство и ништо од тоа не направија“, рече Филипче.

Тој потсети дека ВМРО дојде на власт со лажни ветувања и пропаганда и нема право да ја држи државата надвор од европскиот процес.
„Дојдоа на власт со една голема лага, со една пропаганда која што е стимулирана, финансирана и поддржана од други земји и затоа што оваа власт одработува за други земји. Тие тоа право го немаат“, рече Филипче

Воедно, во одговорот Филипче посочи дека токму целта на Фронтот за слобода и правда е обединување на сите прогресивни сили пред следните избори и враќање на државата на европскиот пат.

„Овој фронт има за цел да во очи следните избори, без разлика кога се, дали се предвремени, дали се редовни и да ја врати власта во рацете на граѓаните“, рече Филипче.

Тој додаде дека одговрноста за продолжување на европскиот процес е кај власта.

„Дали ќе ги продолжиме преговорите зависи од власта. Оваа власт очигледно не сака. Ги плаши граѓаните дека е загрозен јазикот, идентитетот, со цел да не се направи чекорот, кој што не носи никаков ризик, а тоа се уставните измени“, рече Филипче.