Филипче: Мицкоски нема капацитет да води држава

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Мицкоски нема капацитет да води држава, тој се грижи само за себе, го лаже народот за да граба народни пари преку партиски фирми, обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција потенцирајќи дека неисполнувањето на реформската агенда е потврда дека влада нема капацитет и не сака нешто да направи за членството во ЕУ.

„Ако оваа власт имаше капацитет нешто да направи, ќе седнеа, ќе ги сработеа реформите и ќе ги донесеа законите во Собранието. Зошто сме ние тие коишто ништо не сработуваат и само чекаат некое продолжување на роковите? Затоа што немаат капацитет, ниту желба да сработат.“, обвини Филипче.

Филипче посочи дека и покрај продолжувањето на роковите за исполнување на обврските од реформската агенда, резултатите остануваат поразителни и дека тоа се прави намерно.

„Еве веќе се касни година дена, веќе сме довеле продолжување на рокот и повторно од 10-те закони коишто требало да се донесат лани во јуни, а е продолжен рокот до овој јуни, донесени се само два. Па што треба? Продолжување на продолжението? Тоа ли нè чека? Таква ли власт сакаме да нè води? Која што нема капацитет буквално ништо да спроведе. Ова е само еден од знаците, индикаторите дека премиерот нема капацитет да води држава. Ниту пак го интересира тоа. Тој е заинтересиран само за себе и за неговите блиски. Затоа што оваа криминална власт мора да замине. Затоа што освен што лаже и граба народни пари преку партиски фирми и партиски тендери, друго ништо не ја интересира“, потенцираше Филипче.