Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес конференција рече дека дека 80% од граѓаните сакаат во Европа и обвини дека Мицкоски нема никакво морално ниту политичко право да ја блокира земјата и европскиот пат.
„Па кое е тоа право на оваа власт во ситуација кога 80% од граѓаните сакаат Европа, тие да кажат не. Затоа, распишете референдум, нека кажат граѓаните дали сакаат или не сакаат во Европа. Распишете референдум и час поскоро продолжете го Европскиот пат, затоа што немате право никакво, ни политичко, ни морално, ова да ѝ го правите на Македонија и на генерациите коишто со години чекаат да се случи Европската приказна, посебно на новите и младите генерации“, истакна Филипче.
Претседателот на СДСМ потенцираше дека граѓаните заслужуваат перспектива и подобар живот преку продолжување на евроинтеграциите.
„Се знае кој е патот напред, патот напред се уставните измени. Ако го испуштиме овој воз, ако ја испуштиме оваа можност, можеби следно за граѓаните, за следните генерации, едноставно нема да има. Граѓаните и следните генерации тоа не го заслужуваат. Сакаат реформи, сакаат систем, сакаат можности, граѓаните сакаат и заслужуваат подобар квалитет на живот. Така да власта има обврска да распише референдум“, потенцираше Филипче.


