Филипче: Не е патриотизам децата да ги осудиш на изолација и да им кажеш да јадат корења

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Не е патриотизам децата да ги осудиш на изолација и да им кажеш да јадат корења, тоа е само едно големо лицемиерие, нагласи нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес- конференција. Филипче укажа дека политиките и пропагандата што ги водат ВМРО и Мицкоски во однос на евроинтегративниот процес на државата, се само лажен патриотизам, додека нивните функционери имаат бугарски пасоши.

„Ќе јадеме корења, Швајцарија не е во Европска Унија, Европа се распаѓа, Турција не е во Европската Унија и веќе неговата позната изјава ни милиметар нема да се поместиме. Додека пола Влада, пратеници, функционери на ВМРО имаат бугарски односно европски пасоши во џебовите, сите други во државата и нивните деца сега треба да чекаат со децении според нив и замислете да јадат корења. Значи сите да јадат корења, а Владата, претставниците на власта со владиниот авион да одат на море. Дали е тоа патриотизам? Не, тоа е само едно големо лицемерие“, рече Филипче.

Притоа, Филипче додаде дека зад кампањите на ВМРО не е заштитата на македонскиот идентитет, туку обид за заштита на нивниот криминал.

„Тие кампањи преку ботови, скапо платени наративи и агенда практично копирана на нашиот северен сосед е да се спречи внесувањето на малцинствата во Уставот, а со тоа практично целосно да запре европскиот пат на земјава, и не затоа што е загрозен македонскиот идентитет, туку заради тоа што е загрозена нивната криминална власт“, рече Филипче.

Воедно, Филипче укажа дека во моментов пред државата е историска шанса која со децении ја чекаме, доколку се пропушти вратата на ЕУ ќе се затвори.

„Ако ја пропуштиме ќе помине моментумот и ќе се затвори оваа врата која што ја отвара Европската Унија. Ќе останеме надвор од Европската Унија, слепо црево на Балканот во Европа, уште кој знае колку години и децении надвор. А гледаме дека со најавата и изјавата на Христијан Мицкоски дека нема да се поместиме ни чекор и дека сме спремни да чекаме со децении, тој таа изјава ја кажува со некакво чудно задоволство, а таа цена сите нас ќе не чини прескапо. Затоа сме толку гласни и толку настојуваме со ова многу важно прашање за државата, затоа што суштината на политиката е да се обезбеди подобар живот на граѓаните во земјата и подобра и посигурна иднина на државата“, рече Филипче.