Филипче: Наместо европски фондови, власта ја задолжува државата со милијарди евра

Facebook
Twitter
LinkedIn

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, оцени дека Македонија ја плаќа цената на погрешните политики на Владата, која наместо да обезбеди европска поддршка, ја задолжува државата со нови милијарди евра.

„Остануваме на страна од сите финансиски текови, економски текови, коишто како поддршка можат и доаѓаат од Европа за земјите коишто ги остваруваат реформите и се приклучуваат кон Европската Унија, како. За Црна Гора во следниот седумгодишен буџет на Европската Унија се предвидени над 3 милијарди евра неповратни средства, додека ние се задолжуваме во милијарди евра од непознати кинески извори, со којзнае колкави камати, коишто ќе ги враќаат следните генерации“ рече Филипче.

Ваквите политики веќе имаат сериозни економски последици, додаде тој.

„Каде води тоа? Тоа води таму каде што веќе сега ги чувствуваме првичните резултати. Пад на странските инвестиции, пад на индустриското производство, стагнација на платите – на просечната, на минималната плата, стагнација на платите во здравството, во образованието, стагнација на примањата во социјалните трансфери“ рече Филипче.

Филипче предупреди дека последиците од ваквите политики веќе создаваат несигурност и кај пензионерите.

„Несигурност кај пензионерите за тоа што не се знае и Владата не кажува што се случува со вториот пензиски фонд, којшто треба да се менаџира и следните пензионери да примаат пари од таму. Напротив, го поткрева и кај нив сомнежот за тоа дали воопшто ќе има пари за исплата на пензиите.“ рече Филипче.

Линк до видеото :