Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, навредите се доказ за неговата слабост и неспособност

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

„Никој не му се плаши на Христијан Мицкоски. Навредите се доказ за неговата слабост и неспособност“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, потенцирајќи дека навредите на Мицкоски за опозициските пратеници не е израз на политичка сила, туку слабост.

„Кога се нема резултати, кога нема решенија, Мицкоски ги навредува и им се заканува на пратениците во Собранието. Вчера направи хаос за да ја прикрие сопствената неспособност, тоа што Владата нема апсолутно никакви резултати во ниту еден сегмент на функционирањето и се обидува да создаде алиби за предвремени избори“, истакна Филипче.

Претседателот на СДСМ потенцираше дека недоличниот начин на кој зборува Мицкоски, не е ништо ново во однесувањето кон граѓаните и политичките неистомисленици и најмалку доликува на универзитетски професор и премиер.

„Ова не е ново негово однесување. Граѓаните ги нарекуваше „талог на општеството“, „глодари“, „медиокритети“, „мекотели“ и други погрдни зборови, а сега почна да ги навредува и пратениците во Собранието. При тоа, навредите многу повеќе кажуваат за него отколку за што било друго. Тоа ли е универзитетски професор? Тоа ли е премиер, претседател на Владата. Ова е срам и за функцијата што ја извршува, и за универзитетите, и за Собранието, и за Владата, и за државата. Каква порака им испраќа на младите, на студентите, на граѓаните? Ова не го гледа само Македонија, туку и цела Европа. Вакво однесување од еден претседател на Влада досега не е видено. Ниту кај нас, ниту каде било во Европа. Ваков потценувачки однос кон граѓаните и кон пратениците нема никаде во Европа“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ порача дека граѓаните заслужуваат достоинствено лидерство и политичка култура што обединува, наместо навреди и поделби.

„Граѓаните заслужуваат почит и достоинство, заслужуваат пример што обединува, а не човек што ги дели и ги навредува“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Линк до видео: