Соопштение за јавност
Трагата за милионските договори на „Маратон“ и можностите кои ги носи води до врвот на ВМРО и до актуелниот генерален секретар на Владата, Игор Јанушев, објави денеска Антикорупцискиот тим на СДСМ.
Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, соопшти дека цветаат бизнисите на „Маратон гроуп“ блиска до влста.
„Со доаѓањето на ВМРО на власт оваа фирма има добиено над 1.5 милиони евра народни пари! За само две години. АКТ откри дека и бизнис партнерите на сопственикот на ‘Маратон’, Љупчо Костовски, исто така добиваат тендери и илјадници евра народни пари од оваа власт“, рече Фрчкоски.
Тој посочи дека станува збор за поврзана мрежа од фирми.
„Погодувате, шемата е иста, мрежа на фирми кои се меѓусебно поврзани. Поранешниот соосновач во фирма со Костовски, Ристо Петков, е сопственик на компанијата „С.И.А. МЕДИА ДООЕЛ Скопје“, која со доаѓањето на ВМРО на власт склучила договори вредни 458.875 евра. ‘Другарите’ од ВМРО трупаат тендери и добиваат пари. Над 2 милиони евра, пари на граѓаните“, рече Фрчкоски.
Одговорите за трагите на овие можности водат директно до Игор Јанушев.
„Одговорот води до врвот на ВМРО и Владата на Мицкоски – актуелниот генерален секретар на Владата, Игор Јанушев“, истакна Фрчкоски.
Тој потсети дека Јанушев, како директор на ЈСП Скопје во 2017 година, потпишал десетгодишен договор со фирмата „Маратон“, во сопственост на неговиот близок пријател Љупчо Костовски.
„Познато е дека уште во 2017 година, како директор на ЈСП Скопје, потпишува деструктивен десетгодишен договор со фирмата ‘Маратон’ на неговиот близок пријател Љупчо Костовски. Јанушев свесно го укина маркетинг секторот на ЈСП Скопје за претпријатието, наместо самостојно да го продава својот рекламен простор, да се вклучи ‘Маратон’“, нагласи Фрчкоски.
Пред истекот на договорот, власта повторно ги полни фирмите блиски до ВМРО со јавни пари.
„Сега, пред истекот на овие 10 години, власта ги храни своите фирми пред повторно да им го продолжат договорот за нови 10, 15 или повеќе години, ќе видиме. Ова е класичен пример како парите на граѓаните се испумпуваат и завршуваат во џебовите на луѓе блиски до ВМРО“, заклучи Фрчкоски.
Антикорупцискиот тим на СДСМ порача дека одговорност ќе има за секој незаконски потрошен денар од парите на граѓаните.
„Антикоруцпскиот тим досега има откриено скандали тешки 150 милиони евра а ниту обвинителството, ниту останатите институции нешто преземаат. Сите молчат. Нашата порака е јасна: одговорносѕт ќе има. Кога државата ќе им припадне на граѓаните повторно, одговорност ќе има за секој украден денар! Сите ќе одговараат. Доаѓа времето на правдата и одговорноста.“ рече Фрчкоски.
Линк до видео:



