СДСМ со поддршка за струмичките земјоделци – трудот на земјоделецот мора да се вреднува

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција на СДСМ, Софија Димитриева, членка на Централниот одбор

СДСМ дава целосна поддршка на струмичките земјоделци производители на црвена пиперка. Даваме целосна поодршка на македонскиот земјоделец кој од утро до мрак е на нива, за да произведе храна за цела држава.

Барањата на струмичките земјоделци се оправдани. Тие не протестираат за милост – бараат достоинствени откупни цени и вреднување на трудот.

Бараат да можат да живеат од сопственото производство. Луѓето со месеци работат, вложуваат, произведуваат, се борат за егзистенција.

Наместо вреднување на трудот со одржливи откупни цени, власта дозволи да се случи хаос со откупот – земјоделците немаат никаква заштита.

Откупната на пиперката ајварка од 25 денари за килограм е крајно понижувачка и нерентабилна цена. Оваа цена не ги покрива ниту производстевните трошоци.

Само за потсетување, во 2022 и 2023 година откупната цена на црвената пиперка се движеше помеѓу 45 и 50 денари за килограм.

Со поскапувањето на горивата, се е поскапено во земјоделството. Поскапи се репроматеријалите, ѓубривата, работната рака, производството.

Само трудот на земјоделецот е поевтин.

Бараме Владата да донесе системско и одржливо решение, а не како досега половични и задоцнети мерки.

Откупната цена на црвената пиперка мора да биде над 50 денари за килограм. Тоа е цена која може да даде сигурност и соодветен егзитенцијален приход за земјоделците.

Овој протест е гласот на сите македонски земјоделци кои овие две години со ВМРО на власт се излажани, понижени и оставени сами, без поддршка.

Оваа Влада направи пустош во земјоделството. Тотален колапс.

Намалени и неисплатени субвенции, ниски откупни цени, проблеми со откуп и зголемени производствени трошоци – земјоделците се оставени на работ на егзистенција.

Доста е од понижување на луѓето кои произведуваат храна.

Македонскиот земјоделец заслужува сигурност, вреднување на трудот преку достоинствени откупни цени.

СДСМ е со земјоделците. Ги поддржуваме нивните барања за достоинствена откупна цена, сигурен пласман и достоинствена егзистенција.

Ќе се бориме за нивните права, за нивниот труд и за иднината на македонското земјоделство. Нема да дозволиме земјоделството да биде жртва на криминалните политики на ВМРО-ОКГ.