Филипче: Мицкоски живее во свој свет – граѓаните живеат со празни паричници и празни фрижидери

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Владата на Христијан Мицкоски ја започна третата година од мандатот без резултати во клучните области, додека премиерот се обидува со статистички бројки само од неговиот личен свет да ги убеди граѓаните дека живеат подобро граѓаните живеат со празни паричници и празни фрижидери, рече претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција.

„Не гледаме резултати на полето на економијата, во здравството, во образованието, во земјоделството. Имаме најлош извештај од Европската Унија, нема владеење на правото, нема реформи во правосудството, нема слобода на медиумите“, рече Филипче.

Тој посочи дека Мицкоски продолжува да им се обраќа на граѓаните со потсмев и потценување и дека бројките што премиерот ги презентира немаат допир со реалниот живот на луѓето.

„Вчера го слушам на интервјуто, платите растеле 70 пати или проценти, што и да сакаше да каже, побрзо, пензиите, замислете, 325 проценти, се споредува со времето на владите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Меѓутоа, граѓаните не можат да се излажат“, рече Филипче.

Филипче нагласи дека статистиката што ја презентира Мицкоски постои само во светот на премиерот и на малата група луѓе околу него, додека реалноста на огромното мнозинство граѓани е сосема поинаква.

„Тие бројки кои што премиерот ги кажува, очигледно од светот во кој што само тој и неговата мала група на луѓе околу него живеат, граѓаните не ги чувствуваат. Тие ги гледаат празните паричници и празните фрижидери“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.