Филипче: Тотален дебакл на власта во здравството, неспособноста граѓаните ја плаќаат со живот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Во здравството се случува тотален дебакл, а неспособноста на власта ја плаќаат граѓаните со живот, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче посочи дека неработењето на ПЕТ Центарот е уште еден доказ за целосната неспособност на власта да го менаџира здравствениот систем.
Тој предупреди дека станува збор за институција од клучно значење за најтешко болните пациенти, а поради нефункционирањето на ПЕТ Центарот стотици граѓани не можат навреме да добијат соодветна дијагноза.

„Скандалозно е тоа што Пет Центарот не работи веќе два и пол месеци. Пет Центарот е институција која што третира, дијагностицира најтешки пациенти заболени од рак. Дневно во Пет Центарот се дијагностицираат некаде околу 15-тина пациенти“, рече Филипче.

Тој посочи дека во државниот здравствен систем нема друга институција каде најтешко болните пациенти со рак можат да ја направат оваа дијагностичка процедура и дека последиците од нефункционирањето на Центарот се директни и сериозни по здравјето на граѓаните.

„Нема друго место во рамки на државниот здравсен систем во кој што пациентите најтешко болни со рак може да ја прават таа дијагностичка процедура. И ако 15 пациенти се дијагностицираат на ден, тоа значи дека во изминатите два и пол месеци над 600 пациенти не можеле да го остварат правото да стигнат до соодветна дијагноза“, рече Филипче.

Притоа, Филипче укажа дека со неработењето на ПЕТ Центарот се отвора прашањето како се лекуваат пациентите и се става во ризик соодветното давање на терапија на пациентите, бидејќи како што кажа ПЕТ-скенот е еден од критериумите за започнување и модифицирање на хемотерапијата.

„Како се лекуваат тие пациенти? Кога ПЕТ Центарот, петскенот е еден од критериумите за тоа како почнува да се дава хемотерапија кај најтешките пациенти со рак, или како хемотерапијата се модифицира откога почнало лекувањето. Што се случува со тие пациенти? Како се лекуваат?Врз основа на кој протокол се лекуваат? Води ли некој сметка за тие работи? Какви се тие изговори? Немаме ова, немаме она. Тоа е нешто што треба да биде хиперургентно. Да се среди дента кога имало проблем во работа, не два и пол месеци да се остави, така луѓето им е загрозен животот. На најтешките болни поради тоа што не функционира петцентарот“, рече Филипче.

Линк до видео :