Соопштение за јавност
СДСМ и ВМРО не се исти, ние ја гледаме државата како место во кое секој треба добро и квалитетно да живее, а тие ја гледаат како плен, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, одговарајќи на новинарски прашања.
„Сакаат да ја продадат приказната дека сите сме исти. Е, не сме исти. А не ни личиме едни на други. Ние ја сфаќаме државата како место во кое што секој треба добро и квалитетно да живее. Тие ја сметаат за плен. Ние дававме мерки за поддршка на граѓаните, тие парите ги крадат преку криминални тендери. Ние дававме зголемување на плати, пензии, поддршка на семејствата, тие планираат повторно да купат нов владен авион“, рече Филипче.
Тој посочи дека граѓаните денеска не добиваат конкретни мерки за справување со растечките трошоци, туку споредби со минатото и ПР-најави.
„Граѓаните не ја бираа оваа власт да споредува тоа како било порано. Сега очекуваат мерки. Во таа криза, да потсетам, 2 милијарди евра вкупен буџет беше насочен кон граѓаните, преку посебни мерки за различни категории граѓани. Социјални случаи, семејства со повеќе деца, студенти, стари луѓе и така натаму. Кој сега доби некој пакет во оваа криза со поскапувањето на горивата во изминатиот период? Никој“, рече Филипче.
Филипче нагласи дека за време на владата на СДСМ граѓаните добивале директна поддршка во услови на криза, додека денеска растат трошоците за живот, а платите не можат да го следат растот на цените.
„Сега што се случува? Каква поддршка имаат семејствата? Поскапува струјата, поскапува парното. Што може да очекуваат луѓето? 26.000 денари е минималната плата. Неколку пати го одбиваат нашиот предлог да се зголеми минималната плата на 600 евра. Кошничката достигна 70.000 денари“, рече Филипче.
Реалните месечни трошоци на едно семејство се уште поголеми кога ќе се додадат киријата или станбениот кредит, додаде тој.
„Ако се додадат другите трошоци, реални, кирија за стан или кредит за стан, надминуваат 90 и нешто илјади денари. Луѓето не може да преживеат“, рече претседателот на СДСМ.
Филипче порача дека суштинската разлика е во односот кон државата и народните пари – СДСМ ги насочуваше парите кон поддршка на граѓаните, плати, пензии и семејства, додека актуелната власт, ги троши за криминални тендери и проекти од кои граѓаните немаат интерес.
„Затоа што се трошат на криминални тендери, затоа што ги трошат за проекти од кои што граѓаните немаат никаков интерес и сакаат да ја продадат приказната дека сите сме исти. Е, не сме исти“, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.
Линк до видео:
