Филипче: Мицкоски ја носи Македонија до рекордни 12 милијарди евра долг

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес конференција во македсонкото Собрание предупреди дека Владата на Христијан Мицкоски со новото задолжување ја носи државата кон рекордно ниво на јавен долг од речиси 12 милијарди евра.

„Колку треба да биде очаен човек да каже дека расте бруто домашниот производ, а при тоа, секојдневно, брутално и сè повеќе ја задолжува земјата? Затоа што, ако економијата добро работи, тогаш ќе се задолжуваме со помалку пари и вкупниот долг ќе се намалува, а нема да се зголемува“, рече Филипче.

Тој посочи дека Владата планира ново задолжување од 1,3 милијарди евра, кое, како што рече, го нема во ребалансот на Буџетот.

„Дали со тоа планираат да го прекршат Законот за буџет? Еве го документот кој што поминала информација и потреба за задолжување на земјава со нови 1,3 милијарди евра. Повторувам, 1,3 милијарди евра. Нов долг. Со кој што вкупниот долг, со кои пари, ќе порасне на земја на досега рекордни, никогаш достигнати, скоро 12 милијарди евра“, рече Филипче.

Филипче потенцираше дека само за нешто повеќе од две години власта на Мицкоски создава речиси 4 милијарди евра нов долг.

„Планира ново задолжување од 1 милијарда и 300 милиони евра. До сега, буџетот го наследија во 2024 година со толкуто 8,5 милијарди евра. Толку беше долго заклучен со последната влада на СДСМ. И имаме нови 2,5 милијарди евра, само до сега, и дополнителни нови 1,3 милијарди евра. Скоро 4 милијарди евра. Нов долг. За само 2 години и неколку месеци од владата на Христијан Мицкоски“, рече Филипче.

Со новото задолжување долгот ќе достигне околу 65% од БДП.

„Оваа власт едноставно ниту има капацитет, ниту стратегија, ниту план, ниту желба да направи нешто добро за граѓаните. Само брутално задолжување“, рече претседателот на СДСМ.

Филипче го отвори и прашањето за унгарскиот кредит од една милијарда евра и истрагата поврзана со заемот.

„Заемот кој што е сега предмет на истрага, заемот поради којшто сега цела Европа и цел свет знае дека владата, на чело со Христијан Мицкоски, е под истрага и се сомневаат во нелегални процеси“, рече Филипче.

Тој праша и каков ефект од тие пари почувствувале граѓаните.

„Каде се парите од унгарскиот кредит? Што видовме ние од унгарскиот кредит? Што видоа граѓаните? Им се подобрел стандардот. Имаше ли зголемување на платите? Имаше ли некакви мерки граѓаните да ги надминат овие тешки денови“, рече Филипче.

Во услови на растечки трошоци за живот, СДСМ повторно ќе го поднесе во Собранието Законот за зголемување на минималната плата.

„Бараме минималната плата да се качи на 36.000 денари, односно 600 евра, со што барем некако, ќе закрпат граѓаните, стандардот ќе им се подобри, ќе можат да се консолидираат семејните буџети во пресрет на тешките есенски месеци“, рече Филипче.

СДСМ предлага и субвенционирање на придонесите за приватните компании за разликата што ќе произлезе од зголемувањето на минималната плата, со цел растот на платите да не претставува дополнителен товар за компаниите.